Porsche ја проширува понудата на Taycan Sport Turismo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ја проширува понудата на Taycan Sport Turismo

Откако неодамна го претстави новиот Taycan Sport Turismo, денес Porsche објави дека започнува да ги нуди и другите погонски опции за електричниот караван – вклучувајќи го и моќниот Turbo S со 760 коњски сили!

Електричниот Taycan сега се нуди во три различни каросериски изведби – „обичниот“ Taycan, робустниот Taycan Cross Turismo и најновиот Taycan Sport Turismo (кој ни е омилен меѓу понудените). Откако го претстави Taycan Sport Turismo во GTS изведба, Porsche денес ги објави и другите погонски опции за електричниот спортски караван.

Според најавеното, Porsche Taycan Sport Turismo веќе е достапен со сите погонски опции кои се нудат и кај обичниот Taycan – а тоа значи дека „основниот“ модел е со погон на задните тркала, додека сите други се со погон на сите четири тркала. Основниот Taycan и Taycan S се нудат со батерија со капацитет од 79.2 kWH, а достапна е и поголема батерија со капацитет од 93.4 kWh.

Во зависност од погонот кој ќе го изберете, ќе добиете 326, 380, 435, 483, 517 или 625 коњски сили. Оваа последната бројка е достапна кај Turbo S, кој во Launch Control режим испорачува дури 761 коњска сила и лансира до 100 километри на час за само 2.8 секунди. Ние веќе добро го познаваме Taycan – го возевме на минатогодишниот Porsche Experience, како и за време на снимањето на Explore the Unknown документарецот на Porsche.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.