Audi воведува нови мат бои за TT и Q3 моделите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi воведува нови мат бои за TT и Q3 моделите

Неколку модели на Audi – TT, TT S, TT RS, Q3 и RS Q3 – ќе можат да се нарачаат во нови, уникатни мат бои.

Со специјални доработки на погонот за фарбање во рамките на фабриката во Győr, Унгарија, достапни се нови бои за TT и Q8. Купувачите сега можат да го нарачаат спортското купе (или роудстер) во Daytona Gray, Florett Silver или Python Yellow (која е достапна само кај ТТ). Доколку сакате спортски кросовер во мат боја, можете да го нарачате Q3 (и Q3 Sportback) во Daytona Grey или Florett Silver, а ексклузивно ја добива и Dew Silver сребрената боја. Секако, истите бои се достапни и кај спортските TTS и TT RS, како и RS Q3.

Audi објаснува дека модерните мат бои се добиваат преку прилично комплексен процес – автомобилите добиваат фосфатен слој, специјална „бања“, па дури тогаш започнува фарбањето со филер, основен слој, боја и лак. Петте слоеви се дебели колку човечко влакно (околу 1/10 од милиметар). Заштитниот лак е во специјална, мат нијанса со силикатни честички кои ги дифузираат рефлексиите.

По завршување на процесот, автомобилите ќе поминат низ специјална процедура за проверка, за да биде гарантиран идеалниот мат финиш.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.