Tesla Model 3 е најпродаван автомобил во Септември во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model 3 е најпродаван автомобил во Септември во Европа

Електричната револуција забележа ново достигнување откако Tesla Model 3 забележа најмногу продадени возила од сите модели во Септември на Европскиот континент.

Најпопуларниот електричен автомобил беше продаден во 24,591 примероци, што е всушност за околу 6,000 возила повеќе од второпласираниот Renault Clio, кој забележа 18,264 продажби.

На третото место се спушти победникот од минатиот месец – Dacia Sandero, со продадени 17,988 автомобили. Зад него се најде Volkswagen Golf, откако успеа да освои вкупно 17,507 купувачи.

Малиот Fiat 500 финишираше на петтото место со 16,349 продажби, веднаш пред Opel Corsa, која се продаде во бројка од 15,502 единици, додека најппуларен кросовер во Септември беше Peugeot 2008 со продадени 14,931 примероци.

Во продолжение на табелата за најпродавани 10 модели следат Hyundai Tuscon со 14,088, Peugeot 208 со 13,895 и Renault Captur со остварени 13,715 продажби.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.