Opel подготви специјална акција за проверка на сопирачките – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel подготви специјална акција за проверка на сопирачките

Еуроимпекс – генералниот увозник за Брендот Opel во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија им понудува на своите клиенти специјална понуда за проверка на системот за сопирање.


„Не се плашам да се движам напред, сè додека можам силно да закочам“ е новиот слоган на кампањата на Брендот, која повикува на безгрижно користење на својот Opel автомобил.

Воедно брендот повикува на совесно користење на своето возило, со цел продолжување на неговиот животен век, како и поголема безбедност на патниците. Под совесно користење на возилото се подразбира редовна грижа за истото и навремена проверка на системот на сопирање.  Системот за сопирање игра клучна улога во безбедноста и за возачот и за патниците и за сите други учесници во сообраќајот и како таков мора редовно и навремено да се прегледува и одржува.

Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото и се подложни на абење. Системот за сопирање е составен од елементи кое се трошат при сопирање и кочење, потребна е нивна проверка и доколку е потребно промена. Посебно треба да се проверат при подолго патување со повеќе патници и багаж или пак доколку автомобилот е во отежнати услови на работа.

Па токму поради тоа од Еуроимпекс советуваат да се консултирате со овластените Opel сервисни точки и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период препорачан од Производителот.

Ова е одлична можност за сите Opel сопственици, да го проверат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака.  Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Opel во Македонија и истата е со времетраење до 15.11.2021 година.

Еуроимпекс им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети. Повеќе на www.opel.mk.

Поврзано:  ТЕСТ: Opel Astra 1.2 Turbo 110 MT6 Edition - Кога основната верзија и не е толку основна.

Извор: PR Opel

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.