Пристигна најновата, четврта генерација на Audi A3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна најновата, четврта генерација на Audi A3

Во салонот на Audi во Скопје пристигна и веќе е изложена најновата, четврта генерација на популарниот премиум компактен седан.

Новиот A3 е веднаш препознатлив како Audi – и веднаш ја препознаваме дизајнерската инспирација од тековните, поголеми модели на брендот, но и од електричните модели со ознаката e-tron. На предниот дел се истакнуваат предните светла и големата маска на ладилникот, додека профилот е чист и едноставен. На задниот дел добиваме потенки задни светлосни групи со исклучително-интересна графика.

Кабината е исклучително модерна, а од Audi кажуваат дека детали влечат инспирација од моделите на Lamborghini. За многу од работите добиваме физички контроли, а ни се допаѓа и „скалестата“ поставеност на дигиталните екрани.

Секако, возачот добива дигитални инструменти, а на централната конзола е поставен големиот мултимедијален уред, под кој се контролите за клима уредот.

Во однос на моторите, купувачи можат да изберат меѓу неколку различни погонски единици. Понудата започнува со 1.5-литарскиот TFSI со 150 коњски сили, а тука е и 2-литарскиот TDI кој со 116 или 150 коњски сили.

Сите мотори на почетокот се нудат со погон на предните тркала, а понатаму ќе биде достапен и quattro погон на сите четири тркала. Купувачите можат да изберат меѓу 6-степен мануелен или 7-степен S-Tronic менувач со двојна спојка.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Audi, или пак салонот на германскиот бренд.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.