Идниот Dacia Duster ќе стане електрифициран, но ќе остане со ниска цена – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Идниот Dacia Duster ќе стане електрифициран, но ќе остане со ниска цена

Третата генерација на лесно достапниот кросовер со солидни теренски способности ќе ги задржи своите карактеристики и покрај добивањето на електрифицирани конфигурации.

Dacia вети дека ќе нуди возила со внатрешно согорување колку што е можно подолго, пред да започне со електрифицирање на својата гама. Покрај тоа што веќе го нуди Spring, кој е еден од најефтините електрични возила во светот, Романскиот производител ќе го лансира својот прв хибриден автомобил во 2023. Тој ќе биде базиран на Jogger и ќе се нуди како најефтиниот хибриден автомобил со седум седишта во светот.

Моделот Duster оживеа во 2010, а потоа во 2017 пристигна неговата втора генерација, која беше модернизирана оваа година. Ова значи дека целосно новата трета генерација на Duster би требало да пристигне за најмалку три до четири години, некаде во 2024 или 2025. Тогаш се очекува да биде претставена и некоја електрифицирана изведба која ќе му помогне на моделот да може да продолжи да се продава во Европска Унија до 2030тите.

Веќе е потврдено дека CMF-B платформата на која се поставени Sandero, Sandero Stepway и Jogger ќе биде искористена за целата гама на Dacia и Lada, вклучувајќи го и идниот Duster. Ова би му овозможило на моделот да го користи PHEV погонот од Renault Captur E-Tech.

Исто така можна е и целосно електрична верзија, која ќе биде базирана на CMF-BEV платформата претставена со Renault 5, бидејќи ќе може да носи тркала со поголем дијаметар опремени со теренски пневматици. Единствениот проблем е дека оваа платформа е моментално само со преден погон, но ова би можело да се промени во иднина.

Поврзано:  Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Европа во првата половина од годинава

Dacia Duster ќе биде придружена од поголем кросовер во втората половина на 2022. Овој модел беше најавен со концептот Bigster, а ќе биде поставен на продолжена верзија од CMF-B платформата и ќе биде првиот што ќе ја носи новата ознака на Dacia.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.