Концептот Bigster го најавува големиот SUV на Dacia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Концептот Bigster го најавува големиот SUV на Dacia

За време на вчерашната презентација, Groupe Renault го претстави и концептот Bigster – со кој го најавува големиот SUV на Dacia.

Со Bigster, Dacia не само што го најавува својот втор SUV (по мега-успешниот Duster), туку и ги најавува своите амбиции да понуди поголем SUV каде вредноста за вложените пари, практичноста и просторноста ќе го имаат главниот збор. Според најавениот план, новиот SUV ќе биде лансиран до 2025.

Дополнително, преку Bigster, Dacia го најавува и дизајнерскиот јазик кој ќе го следи во иднина. Особено е интересно осветлувањето кое во иднина ќе биде препознатливо за моделите на романскиот бренд. Новиот SUV ќе биде поставен на модерната CMF-B платформа на Groupe Renault, а во однос на механизацијата – се очекува Bigster да добие модерни турбо-бензински мотори, како и некаква хибридна варијанта.

Инаку, Bigster е навистина голем – долг е 4.6 метри и може да се споредува со значително поголеми возила од Duster – од него е подолг скоро 30 сантиметри. Од Dacia ветуваат дека Bigster ќе има комфорен и просторен ентериер, а ќе се нуди и со опција за трет ред седишта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.