full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поскапуваат за денар, односно денар и половина.

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ повторно ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.53%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1  денар за литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63.00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54.50 ден/лит .

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1.50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврденисо одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65.00 денари за литар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.