Вечерно Кинo: Маестралното тимско возење на Блажевски и Малинковски – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кинo: Маестралното тимско возење на Блажевски и Малинковски

Давид Малинковски го објави своето онборд видео од втората трка на Гробник, на која заедно со Марко Блажевски ги освоија првите две позиции по одлична тимска стратегија.

Иако возилата од Twingo CUP се прилично бавни во споредба со останатите тркачки купови, сепак нивните трки изобилуваат со акција. Тие се исполнети со разни подбутнувања, престигнувања, потчукнувања и тимска комуникација со гестикулација, која беше многу важна за да се истуркаат кон врвот.

Видеото е долго 26 минути, но од што ни беше интересно, ние го изгледавме во еден здив. Навистина едно големо браво за Давид и Марко!

Погледнете го и вие и уживајте!

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.