full screen background image
Search

Претстојниот помал модел на Tesla ќе се натпреварува со Volkswagen ID.3

Tesla најавува дека ќе претстави поефтин и помал модел во 2023 – кој ќе се натпреварува со Volkswagen ID.3.

Покрај Германскиот модел, новата Tesla ќе се натпреварува и со Nissan Leaf, но нејзината цена ќе биде пониска дури и од онаа на автомобилите од еден сегмент подолу, како Peugeot e-208 и Honda e.

Според Tesla, ова ќе успеат да го постигнат благодарение на новите батерии со 4680 келии, кои ќе овозможат за 50% намалување на производните трошоци. Истовремено, батериите ќе бидат способни да складираат до пет пати повеќе енергија со 16% поголем опсег.

Според магазинот Autocar, новата Tesla ќе нуди опсег од најмалку 400 километри според WLTP циклусот. Според зборовите на извршниот директор на Tesla – Илон Маск, ова е најнискиот прифатлив опсег на еден автомобил од производителот.

Што се однесува до изгледот, малиот модел на Tesla ќе биде сличен со Model 3, иако ќе се одликува со покомпактни димензии во хечбек форма.  Според објавена скица од минатата година, моделот ќе има слични предни светла со пократка предница и понавалена линија на кровот во задниот дел.

Се очекува моделот да биде понуден во Европа по почетна цена од околу 23.000 евра, а ќе се произведува покрај Model 3 и Model Y во новата фабрика на Tesla во Берлин, Германија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.