Едната верзија ќе биде ориентирана кон зголемување на автономијата, додека другата ќе биде јасно завртена кон перформансите – и ќе забрзува „до стотка“ за само 3.5 секунди!
Elon Musk се огласи на Twitter и во серија твитови ги објави деталите околу двете верзии на Model 3 со погон на сите четири тркала. Едната верзија ќе биде ориентирана кон максимален досег, додека другата ќе биде ориентирана кон перформансите.
„Нормалната“ верзија го користи истиот електромотор како и обичниот Model 3, но и втор електромотор на предната оска. Не ја објавуваат точната бројка на коњски сили и вртежен момент, но сепак Elon Musk кажа дека 60 милји на час (96 километри на час) ќе се постигнуваат за 4.5 секунди, максималната брзина ќе биде 225 километри на час, а втономијата ќе биде 310 милји, односно 500 километри.
Втората верзија ќе користи помоќни мотори, и ќе може да постигне 96 километри на час за само 3.5 секунди, но и максимална брзина од 250 километри на час. Според Musk, ќе чини околу 78.000 долари (во Америка) со сите додатоци, но без Autopilot системот. Musk настапи храбро и го спореди вака-опремениот Model 3 со BMW M3 и рече дека ќе биде подготвен да победи „било кој автомобил во класата на патека.“
Храбро!