Шармантниот нов Fiat 500 се произведе во повеќе од 2 милиони примероци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Шармантниот нов Fiat 500 се произведе во повеќе од 2 милиони примероци!

Пред неколку дена, во фабриката на Fiat во Тики, Полска, произведен е Fiat 500 број 2.000.000. Популарниот Fiat се продава во повеќе од 100 земји низ светот, а 80% од продажбата е надвор од Италија – што го прави 500 вистински светски модел.

Fiat 500 е лидер на пазарот во девет европски земји и е меѓу првите три во уште други седум. Во единаесетата година од неговото производсто со скоро 60.000 продадени примероци во Европа во првиот квартал на 2018 година, Fiat 500 го одбележа најдобриот квартал досега.

Примерокот број 2.000.000 е спортскиот и ексклузивен модел Fiat 500C Collezione во две бои: бел и сив (Primavera livery), „вооружен“ со TwinAir турбо мотор со 85 коњски сили. Ќе се продава во Италија. Новите серии го одбележуваат безвременскиот стил и дизајн на Fiat 500, неговиот познат и традиционален статус и луксузниот изглед со нови комбинации од бои и материјали во кул и модерен дух. Доаѓа опремен со препознатливата возбудлива опрема, како што се 16 ” тркала, хромирани детали и сиво-бела линија на елеганција и ракописен беџ „Collezione“ на задната врата.

Производството на 2.000.000 автомобили Fiat 500 е клучот во успешната приказна. Малиот елегантен Fiat се продава во повеќе од 100 земји. 80% од продажбата е надвор од Италија, а веќе 4 години е бестселер во Европа во неговиот сегмент, со удел на пазарот од 14,6% заклучно со 2017 година. Исто така, во единаесеттата година од неговото производство, скоро 60.000 примероци се продадоа во Европа за време на третиот квартал од 2018 година, рушејќи го и најголемиот рекорд на моделот Fiat 500. Повторно, за време на првиот квартал од 2018 година, Fiat 500 беше најголем лидер на пазарот во девет земји (Обединетото Кралство, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија) и се издигна меѓу првите тројца во седум други (Италија, Германија, Франција, Шведска, Словачка, Романија и Бугарија).

Дури 30 специјални серии произведени во последните 11 години и под знакот на марката Fiat и кај марката Abarth, се тајната на беспрекорниот успех на Fiat 500. Fiat 500 отсекогаш ги следи трендовите и останува верен на традицијата, иако постојано произведува посебни модели за тестирање на невообичаени територии за градско возило и модерни и луксузни јахти на тркала. Новиот уникатен модел на Fiat 500 Collezione го следи стилскиот свет и лимитираните серии, како што се моделот Fiat 500 60th и Anniversario, пуштени во продажба минатата година, за да ја одбележат 60 годишнината.

Поврзано:  Fiat го паузира производството на електричниот 500е

Моделот 500 прв пат беше произведен во 1957 година и оттогаш се продадени преку 6 милиони автомобили. Овие клучни бројки ја карактеризираат моќноста на заедничката имагинација и имагинацијата на автомобилската сцена. Насекаде и за сите генерации на возачи, овој модел остана запаметен и важен. Тој е симбол на масовната моторизација и производ од вистинска и општа важност. Не е случајност што Fiat 500 од серијата F која се произведуваше помеѓу 1965-1972 година како најпопуларна и најпозната се најде во колекцијата на популарниот Музеј на Модерна Уметност (МоМА) во Њујорк.

Производството на популарниот Fiat започна во Тики, 2007 година, кога беше лансиран новиот модел. Овој модел стана и првиот градски автомобил во светот кој е избран за „Автомобил на годината“ како резултат на високите перформанси. Со повеќе од 200.000 примероци годишно, вклучувајќи ги и двете марки Fiat и Abarth, денес полската фарбрика е една од најпрестижните FCA фабрики во светот. Фабриката е меѓу првите кои добиле највисоко златно признание за производство.

Извор: PR Fiat



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.