Opel ги објави сите податоци за новата Corsa GSi – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel ги објави сите податоци за новата Corsa GSi

Пред околу еден месец, Opel ја најави Corsa GSi – а сега ги објави сите податоци за новата џебна ракета со 150 коњски сили!

Новата Opel Corsa GSi на пазарот пристигнува ова лето, а ќе има погон од 1.4-литарски турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили и 220 Nm вртежен момент. Малот хот хеч на Opel ќе забрзува до 100 километри на час за 8,9 секунди и ќе постигнува максимална брзина од 207 километри на час.

Интересно е што новиот мотор испорачува повеќе од 100 коњски сили на литар, а инженерите на Opel го оптимизирале да нуди одлична забава по кривулести патишта. Максималниот вртежен момент е достапен од 3000 до 4500 вртежи во минута – а тоа значи дека би требало да нуди експлозивни перформанси во скоро било кој режим на работа.

Дополнително, Corsa GSi добива и спортска шасија, како и сопирачки од OPC, а ќе може да се нарачаат и 18-инчни тркала со широки пневматици.

Corsa GSi ќе ја препознаете по спортскиот бодикит, големите отвори за воздух и хромираниот завршеток на издувниот систем. Кабината добива Recaro седишта, а во ентериерот ќе добиете и многу други ситни спортски детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.