full screen background image
Search

Судовите одлучија – Германските градови смеат да им забранат пристап на постарите возила со дизел мотор!

На германските градови веќе им е дозволено да го забранат пристапот на постарите возила опремени со дизел мотор – одлучија во петокот судовите во Германија.

Се очекува дека оваа одлука ќе донесе дополнителен притисок врз производителите да понудат долгорочни решенија за моделите кои загадуваат повеќе од дозволеното. Според компанијата Evercore ISI, оваа одлука би можела да ја чини автомобилската индустрија околу 14.5 милијарди Евра.

Повеќе од десеттина германски градови – меѓу кои Хамбург, Минхен и Штутгарт – ги надминуваат лимитите на NOx кои ги поставува Европската Унија. Токму овие гасови се поврзани со предизвикување респираторни болести, па затоа германските судови решија да донесат ваква одлука.

„Забраната за возење низ градовите и по некои патишта би била легитимна, и би влијаела врз сите модели кои не ги исполнуваат тековните Euro 6 стандарди“ – се кажува во одлуката. Според статистиките, од околу 15 милиони дизел возила на патиштата во Германија, само околу 2.7 милиони возила ги исполнуваат Еуро 6 стандардите кои се воведени во 2014. Судовите препорачуваат воведување на забраните во соодветни фази – пристапот прво би бил забранет за возила кои исполнуваат Еуро 4 стандарди. Судовите предлагаат забраната за Еуро 5 возила да биде воведена од 1ви Септември 2019, но и да се воведат исклучоци – како на пример за компании кои испорачуваат роба, итн.

Вториот по големина град во Германија – Хамбург – веќе започна со поставување знаци кои кажуваат дека постои забрана за возење на постари дизел возила, а локалните власти очекуваат дека рестрикциите ќе започнат да имаат ефект уште на крајот на овој месец.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.