full screen background image
Search

Volvo ја најавува иднината со новиот Recharge концепт

Новиот концепт на Volvo не само што ги најавува идните електрични модели на шведскиот бренд, туку најавува и како би можел да изгледа следниот XC90!

Според Volvo, новиот концепт применува нова дизајнерска филозофија која ги елиминира непотребни телементи и овозможува висока прецизност. Всушност, од Volvo кажуваат дека оваа стратегија најдобро се објаснува со зборовите Помалку но Подобро.

Концептот има нагласено заострена форма. На предниот дел препознаваме остри и тенки предни светла кои и понатаму го имаат Чеканот на Тор. Светлата се поставени околу предна маска која од Volvo кажуваат дека е во форма на штит, на која е поставено осветлено лого на шведскиот бренд.

Профилот е издолжен и низок, а на задниот дел се поставени вертикални задни светла кои се дизајнирани да функционираат и како насочувачи на воздухм, за уште подобра аеродинамика. Концептот има и скриени рачки на вратите и задни врати кои се отвараат наназад.

Истиот минималистички пристап продолжув аи во кабината. Пред возачот е поставен мал дигитален дисплеј за најважните информации, додека на централната конзола е поставен (огромен) 15-инчен дисплеј за инфозабавните функционалности. Концептот има четири засебни седишта, а од Volvo нагласуваат дека се користени еко-материјали за многу од површините во кабината.

Сега за сега немаме информации околу погонот, но од Volvo кажуваат дека концептот е поставен на платформа развиена специјално за електрични возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.