Abarth подготви уникатен 1000 SP! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Abarth подготви уникатен 1000 SP!

Уникатниот роудстер на Abarth е базиран на Alfa Romeo 4C, а оддава почит на легендарниот  1000 SP од далечната 1965-та година.

Роудстерот на Abarth е поставен на карбонската платформа на одличната Alfa Romeo 4C, но со целосно-нова каросерија која оддава почит на легендарниот Abarth 1000 SP од 1965-тата година. Тоа значи дека супер-лесниот роудстер е придвижуван од одличниот 1.7-литарски турбо-бензинец кој испорачува 240 коњски сили и овозможува завидни перформанси.

Ќе ги препознаете деталите – предните светла се директно инспирирани од моделот од 1965-тата година, а каросеријата и страничните прозорци се редизајнирани за да потсеќаат на „кривините“ на оригиналниот модел. Задниот дел ни изгледа особено добро – бидејќи успева да ги пренесе класичните линии во навистина современа форма.

Секако, тука се и неизбежните Abarth елементи – како на пример тркалата, а ни се допаѓа како изгледа и безбедносната рамка поставена позади главите на возачот и совозачот. Сè на сè – навистина успешен проект, и се надеваме дека ќе видиме повеќе вакви уникатни возила во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.