Гледајте го свеченото доделување на признанијата Златно Тркало! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Гледајте го свеченото доделување на признанијата Златно Тркало!

За вторник во 19:45 го најавуваме свеченото доделување на признанијата Златно Тркало 2021, а ќе можете да нè гледате во живо преку интернет!

Во вторник (18.05) во 19:45 ќе започне официјалното, свечено доделување на признанијата Златно Тркало 2021. Оваа година признанијата отидоа кај Skoda Octavia, Peugeot e-208 и Peugeot 2008, а на свечената церемонија и официјално ќе ги прогласиме за најпосакувани автомобили во Македонија.

Гледајте нè во живо, ветуваме дека ќе биде интересно, а веднаш потоа ќе го започнеме и следниот циклус!

Настанот го организираме заедно со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk, а оваа година водител ќе биде Сашко Коцев.

По успешното прво издание, оваа година го организиравме второто, на кое гласавте вие – нашата публика и нашите читатели, и ги одбравте најпосакуваните автомобили во Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.