DBA го претстави првиот примерок на спектакуларниот MINI Remastered Oselli Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

DBA го претстави првиот примерок на спектакуларниот MINI Remastered Oselli Edition

Чудотворците од David Brown Automotive го претставија првиот примерок на Mini Remastered Oselli Edition – кој оддава почит на 60-годишнината на MINI и чини околу 115.000 Евра!

Иако MINI Remastered за прв пат беше прикажан пред околу 2 години, првите примерок тукушто ја здогледа светлината на денот. Mini Remastered Oselli Edition ќе биде произведен во само 60 примероци – во чест на 60-годишнината на Mini – и може да се добие со две или четири седишта. Цената? Ситница – почнува од само 98.000 Фунти, односно нешто над 114.000 Евра.

Но она кое ќе го добиете е навистина спектакуларно – темелно преработениот автомобил добива уникатни бои со специјални детали, модерни технологии како LED осветлување, темелно преработен ентериер со спортски седишта и многу, многу подобрувања.

Задолжен за задвижување на Mini Remastered е 1.4-литарски атмосферски мотор со два карбуратори кој ослободува 125 коњски сили и 153 Nm вртежен момент. Не звучи како многу, но бидејќи MINI Remastered тежи само 1050 килограми – сосем доволно за забрзување до 100 километри на час за 7.8 секунди.

Дел од приказната се и надградени AP Racing сопирачки, како и диференцијал со ограничено пролизгување, модерна суспензија од Bilstein, спортски издувен систем и 13-инчни тркала обвиени во спортски пневматици.

Дали сето тоа вреди 114.000 Евра? Хм, добро прашање – но изгледа фантастично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.