Италијанските карабинери ќе возат нова, специјално-подготвена Alfa Romeo Giulia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Италијанските карабинери ќе возат нова, специјално-подготвена Alfa Romeo Giulia!

Првиот примерок од специјалната Alfa Romeo Giulia беше предадена во присуство на челниците на Alfa Romeo и Stellantis, но и претставници на италијанските Carabinieri кои ќе седат зад воланот на овие автомобили.

Специјалната Giulia е придвижувана од 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 200 коњски сили. Секако, возилото е во соодветната сина боја, а беше испорачано во Centro Stile, во новиот дом на Alfa Romeo. Автомобилот ќе го користат италијанските Carabinieri, а ова е првиот од вкупно 1770 возила кои ќе бидат испорачани. На церемонијата присуствуваа претседателот на Stellantis – John Elkann, извршниот директор на Alfa Romeo – Jean-Philippe Imparato, како и Teo Luzi, Генералниот Командир на Карабинерите.

Возилата добиваат многу модификации наменети за ваква употреба – па меѓу другото има специјален панел за информирање и известување, дополнително полициско осветлување, зајакнато ветробранско стакло и странични прозорци, како и некршливо задно стакло, блиндирани предни врати со специјална заштита за стапалата, специјално-заштитен резервоар за гориво, држачи за оружје и многу, многу повеќе..

Секако, ова не е прв пат Alfa Romeo да соработува со италијанската полиција и останатите институции – соработката трае уште од 1951-вата година кога бил претставен 1900 М. Плус, на супер-дотераните италијански Карабинери им прилега ваков автомобил, нели?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.