Победникот од Фебруари, модерниот Peugeot 208 е најпродаваниот автомобил во првото тромесечие од 2021 на Европскиот континент.
ЈАТО објави дека во првиот квартал на 2021 година во Европа биле регистрирани 3.05 милиони нови возила, што е зголемување од 1% во споредба со минатата година или намалување од 26% во споредба со 2019.
Интересно е дека сите три првопласирани модели, извојуваа по една победа во еден од првите три месеци од оваа година. Сепак, победникот од Фебруари – Peugeot 208 се покажа како најпосакуван со продадени вкупно 60,957 примероци, пред победникот од Март – Volkswagen Golf, кој регистрираше 57,372 продажби.
Победникот од Јануари – Toyota Yaris го зазема третото место со продадени 55,624 возила, додека пак на четвртата позиција заврши Opel Corsa со 53,924 продажби.
Најпопуларен SUV беше Peugeot 2008, кој успеа да го дофати петтото место со продадени 52,903 автомобили, пред најпродаваниот модел во минатата година Renault Clio, продаден во 50,933 примероци.
Вториот најпродаван SUV – Volkswagen T-Roc се најде на седмата позиција, а зад него завршија Citroen C3, Volkswagen Tiguan и Skoda Octavia.
Извор на табелата: @carindustryanalysis