ПРЕМИЕРА: Citroën Ami Cargo е ултра-практично, ултра-компактно доставно возило! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Citroën Ami Cargo е ултра-практично, ултра-компактно доставно возило!

Електричните автомобили едноставно имаат логика во урбаните средини – кратките рути и градскиот метеж ги прават ваквите возила особено интересни – а тоа е уште повеќе очигледно кога станува збор за ултра-компактниот Citroën Ami.

Со Ami Cargo, Citroën го прави логичниот следен чекор во понудата на малиот Ami. Всушност, според Citroën, Ami Cargo е замислен да биде идеалното Last-Mile доставно возило. Размислувајте во насока на возило за поштарот, или за достава на предмети, или нешто слично.

Ami Cargo може да пренесе до 140 килограми, а трансформацијата е прилично едноставна – возачкото седиште е извадено и на негово место доаѓа модул за складирање со седум различни оддели. Димензиите на Ami Cargo се идентични со димензиите на обичниот Ami, но товарниот простор се зголемува од постоечките 140 на импресивни 400 литри.

Меѓу возачот и товарниот дел има вертикална преграда која не ја попречува видливоста, а додадена е и модуларна полица која може да функционира и како своевидна работна површина. Модуларноста продолжува со прилагодливиот под кој може да биде поставен вертикално и да послужи како поддршка за кршливи предмети.

Секако, и платформата останува иста – а тоа значи дека Ami Cargo може да помине околу 75 километри со едно полнење на литиум-јонската батерија со капацитет од 5.5 kWh. Кога не го користите, можете да го наполните Ami на стандарден приклучок за електрична енергија за околу три часа – и потоа повторно е подготвен за работа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.