full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen го освежи Polo со затегнат дизајн, Matrix LED светла и нови технологии

Германскиот бренд го обнови малиот градски модел со редизајн инспириран од Golf 8, како и нови технологии преземени од повисоките класи.

Визуелните измени се ограничени на светлата и браниците. Освежениот Polo доаѓа со нови предни светла, кои се поврзани со светлечка лента поставена на долниот дел од маската, додека пак задните свела имаат дополнителен елемент на багажникот и нова графика.

Сите верзии на Polo ќе добијат светла со LED технологија, но за оние кои сакаат уште подобра прегледност навечер како опција ќе бидат понудени светла со Matrix LED технологија – како кај Touareg и Passat.

Тоа не е единствената напредна технологија што ја добива Polo од поголемите браќа. Volkswagen здружи повеќе системи за помош на возачот во пакет наречен IQ.Drive Travel Assist и ги нуди како опција во малиот градски автомобил. Тие системи вклучуваат адаптивен темпомат и задржување во коловозна лента.

Измените во ентериерот вклучуваат нови дигитални елементи – стаднардно ќе доаѓа дисплеј од 8-инчни за инструментите и помал 6.5-инчен екран на допир за мултимедијалниот систем. Кај повисоките нивоа на опрема тие се зголемуваат на 10.25-инчен инструмент дисплеј и 9.2-инчен мултимедијален екран. Покрај тоа, како опција ќе биде понудена дигитална контрола на клима уредот, која целосно се управува на допир.

Палетата на погонски единици содржи четири варијанти на 1-литарскиот три-цилиндарски бензински мотор, од кои сите се потпомогнати од турбо-полнач освен најосновниот MPi со 80 кс.

Посилните турбо верзии имаат 95 и 110 кс, а првата од нив може да се добие со рачен или седум-степен DSG менувач, додека пак втората е усогласена исклучиво со DSG. Четвртата верзија работи на природен гас и ќе биде достапна само во одредени земји.

Поврзано:   Пристигна новиот, хај-тек и електричен Volkswagen ID.3!

Новото Polo започнува со продажба во Европа кон крајот на 2021 година, а цените ќе бидат објавени наскоро по неговото дебитирање на нашиот пазар.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.