Новата лимитирана серија на Ferrari 812 испорачува 830 коњски сили на 9500 вртежи – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата лимитирана серија на Ferrari 812 испорачува 830 коњски сили на 9500 вртежи

Ferrari ги објави првите официјални фотографии од тврдокорната лимитирана серија на 812 Superfast, пред нејзиното целосно претставување на 5-ти Мај.

За сега е непознато, но името на новата верзија ќе биде исто така објавено на нејзиното дебитирање, кое ќе се одржи како специјален настан во живо на каналите на Ferrari на социјалните мрежи.

Тврдокорниот Ferrari е погонуван од најновата еволуција на нивниот природно-аспириран V12 агрегат, кој тука произведува импресивни 830 кс при врескачки 9,500 вртежи во минута. Ова е постигнато благодарение на многу редизајнирани компоненти, вклучувајќи нов мехнизам на вентилите, како и нов издувен систем со квадратни врвови.

Шасијата е исто така темелно прилагодена за подобро управување и уште повозбудливо искуство позади воланот. Иако не се објавени детали, според Ferrari тие инсталирале независно управување на сите четири тркала, со што ја направиле новата верзија да биде уште поагилна и попрецизна во свиоците.

Еден од највпечатливите елементи кај овој нов 812 е речиси целосно новиот дизајн на каросеријата, обликуван да ја зголеми потисната сила и да ја подобри аеродинамиката. Тој содржи нови предни отвори за воздух, огромен заден дифузер со вметнати издувни цевки, како и уникатно дизајниран алуминиумски панел наместо задно стакло.

Благодарение на масивното користење на супер-лесни материјали, како јаглеродни влакна, Ferrari го направиле новиот модел полесен од 812 Superfast, но не објавија точни бројки.

Покрај сето тоа, новиот поклопец на моторот има трансверзално поставено „сечило“ од карбон, кое заедно со алуминиумскиот заден панел ја менува перцепцијата за димензиите на суперавтомобилот. Според Ferrari, тој го прави предниот дел да изгледа пократок, додека пак целиот автомобил изгледа поширок.

Поврзано:  Трофеј за Иџе на првиот настап со новото Ferrari!

Ентериерот на лимитираната серија на 812 ја задржува главната инструмент табла од стандардниот Superfast, но доаѓа со редизајнирани тапацири на вратите за помала тежина и го добива најновиот менувач со H-порта кој дебитираше кај моделот Roma.

За повеќе детали и информации го чекаме официјалното дебитирање на 5ти Мај.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.