full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari 812 Superfast – Името кажува сè!

Ferrari тукушто го претстави новиот 812 Superfast – автомобил кој е всушност сериозно преработен F12 и го носи најмоќниот V12 кој компанијата го има направено во својата историја!

Ferrari F12 заминува во пензија, а на нејзиното место доаѓа ова – Ferrari 812 Superfast. Новиот 812 под тој доооооооолг поклопец го носи најмоќниот V12 во историјата на компнијата, а неговите бројки се фасцинантни – 6.5-литарскиот V12 испорачува 800 коњски сили при 8500 вртежи во минута и 718 Nm вртежен момент при 7000 вртежи во минута. Доаѓањето на 812 Superfast се поклопува со 70-тиот роденден од првиот Ferrari V12, па автомобилот ќе се нуди во нова боја – Rosso Settanta – во чест на тој јубилеј.

Колку е брз новиот 812 Superfast?

Самото име кажува доволно – но да зборуваме малку за бројките. Бенчмаркот од 100 километри на час се постигнува за 2.9 секунди, а максималната брзина е „преку 340 километри на час“. Моторот добива нов систем за вбризгување кој го вбризгува горивото со притисок од 350 бари, а има специфична моќност од 123 коњски сили на еден литар зафатнина. Моторот е поставен напред, но зад предната оска, а автомобилот има скоро идеална дистрибуција на тежината (1525 килограми) во однос 47% напред и 53% назад. Силата се пренесува (секако) кон задните тркала, преку менувач со двојна спојка.

Сепак, новитетите кај 812 Superfast не завршуваат тука – новото мега-купе го има првото електрично серво-управување на Ferrari, а тука е и петтата генерација на Side Slip Control системот кој овозможува лесно и контролирано пролизгување, како и втората генерација на Virtual Short Wheelbase системот за управување на сите четири тркала.

Поврзано:   Утринска Гимнастика: BMW M8, Ferrari GTC4 и Nissan GT-R на мегдан!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.