full screen background image
Search

Според Toyota плаг-ин хибридите ќе бидат многу подобро прифатени од традиционалните

Претседателот на Toyota Motors – Takeshi Uchiyamada – тврди дека плаг-ин хибрдите ќе бидат многу подобро и побрзо прифатени од пошироката јавност, во однос на класичните хибридни автомобили.

Според претседателот на Toyota, компанијата очекува дека ќе продава не помалку од 1 милион плаг-ин хибридни автомобили годишно за помалку од десет години. Ова можеби не делува амбициозно – но имајте во предвид дека беше потребно многу повеќе време за продажбата на конвенционални хибридни возила да ја достигне таа бројка.

Според него „еколошката свест е на повисоко ниво во однос на тоа каде беше пред 20 години, а побарувачката за еколошко-свесни продукти се згоелмува.“ Тој го изјави ова при лансирањето на плаг-ин хибридниот Prius во Јапонија. Во моментов Toyota продава околу 60.000 плаг-ин хибридни Prius автомобили годишно, во светсли рамки. Најновиот плаг-ин Prius може да помине до 67 километри на електрична енергија – но тоа е според јапонските стандарди за мерење. Prius PHV ќе биде лансиран во Европа во Март, и се очекува и другите хибридни модели на Toyota да добијат PHEV (Plug-in Hybrid-Electric Vehicle) функционалност, но господинот Uchiyamada одби да потврди кои би биле тие автомобили.

Сето ова е навистина логично – бидејќи хибридните возила имаат многу повеќе ефект доколку постои можност самите да ги полните батериите дома на конвенционалната електрична мрежа, и да поминете 30-тина километри само на електрична енергија, со што би ги задоволиле просечните дневни потреби за транспорт.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.