full screen background image
Search

Дури и ако PSA го купи, Opel ќе остане германска компанија

Претседателот на PSA најави дека сака Opel да остане германски бренд, дури и ако францускатата групација го купи од General Motors.

 

Според Autonews, Карлос Таварес не само што сака Opel да остане германски бренд, туку е подготвен да ја остави истата менаџмент структура доколку зделката успее. Во моментов, PSA и GM се обидуваат да добијат германска поддршка за зделката, иако постојат стравови дека спојувањето на двете компании ќе резултира со загубени работни места и значително реструктурирање на германскиот производител.

Од PSA веќе потврдија дека Таварес ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел и германските акционери на Opel, со желба да ги убеди да ја прифатат зделката. Неговите аргументи ќе бидат дека „Opel ќе остане германска компанија во целосна согласност со германските закони за труд“ а самата зделка се претставува како „алијанса меѓу германски и француски производители на автомобили.“

Гласноговорниците на GM веќе кажаа дека иднината на Opel е посветла со PSA отколку со американските газди – тие кажуваат дека под капата на PSA, вработените во Opel ќе имаат подобра иднина, со побезбедни работни места во однос на сегашните услови. GM и PSA сметаат дека доколку Opel остане под американска контрола, ќе треба да се соочи со многу подрастично намалување на работните места.

Самиот факт дека GM и PSA се надеваат дека зделката ќе биде финализирана пред саемот на автомобили во Женева, зборува дека дискусиите и преговорите се веќе во поодмината фаза, и дека наскоро можеме да очекуваме сериозно редефинирање на европскиот автомобилски пазар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.