full screen background image
Search

Ford ќе ги предупредува возачите за дупки на патот!

Системот кој Ford ќе започне наскоро да го вградува во некои од своите модели е како создаден за македонските патишта – но бара колективно учество од сите возачи кои ќе го имаат на располагање.

Системот кој Ford ќе започне да го тестира во текот на оваа година има цел да создаде виртуелна „мапа“ на дупките на патиштата. Системот ќе работи во реално време, и ќе ги информира за дупки на патот, како и за тоа колку се длабоки, и по можност ќе сугерира алтернативни рути кои возачите би можеле да ги изберат.

Проблемот со старите и оштетени патишта не е нов – според официјалните податоци од Ford, само во обединетото кралство на секои 17 минути има по едно барање за надоместување на штета на возило настанато од дупка на асфалтиран пат – и просечниот трошок е 432 фунти, односно околу 500 евра. Во 2011-тата година преку 20 милиони дупки биле евидентирани ширум Европа, но само половина биле успешно пополнети – и тоа за нешто над 1.2 милијарди евра.

„Виртуелна мапа на дупки во патиштата би можела да истакне проблем скоро веднаш откако ќе се појави, и соодветно ќе ги предупреди и другите возачи кои го имаат овој систем“ – објасни Uwe Hoffmann, инженер во Ford – „нашите возила веќе имаат сензори кои ги препознаваат дупките на патот и го подготвуваат возилото, но со ова сакаме да отидеме чекор понатаму.“

Некои од моделите на Ford веќе имаат систем кој се нарекува Continuously Controlled Damping with Pothole Mitigation – кој користи камери за да го скенира патот пред возилото за да препознае дупки и да ја подготви суспензијата за потенцијален близок контакт со дупката. Со тоа што ќе го однесе овој систем чекор понатаму, Ford ќе ги предупредува сите возачи за нерамнините. Инженерите на Ford во моментов во Центарот за Истражување и Иновации во Германија разгледуваат како да ги искористат камерите и вградените модеми кои некои возила ги имаат. Информациите би биле собирани во реално време и прикачувани на Интернет, од каде другите возила би ги преземале податоците и би ги информирале возачите.

Поврзано:   ИНТЕРВЈУ: Михаил Терпини, Ми-Да Гранд Моторс - Работењето со глобални брендови носи бенефити, но и голема одговорност!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.