Hongqi L-Concept – луксузна Кинеска лимузина без волан, но со… Лустер? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hongqi L-Concept – луксузна Кинеска лимузина без волан, но со… Лустер?

Кога станува збор за луксуз, брендот Hongqi е знаменосец во кинеската автомобилска индустрија, а истото го докажа и со најновиот концепт на саемот во Шангај.

Наречен L-Concept, автомобилот претставува голем мускулест седан со четири врати и долг заоблен покрив, кој има различна боја од онаа на каросеријата.

На преднот дел доминира масивната хромирана предна маска со вертикални решетки, а тука се и помали светлосни групи, чии LED светлечки линии продолжуваат низ браникот во долниот отвор за вентилација и се слеваат со хромираната лајсна.

Позади се забележува делумно „заробено“ задно стакло, под текстурата на „баклава“ од кровот. Задните светла се дизајнирани во форма на четири хоризонтални светлечки LED решетки, додека на браникот е монтиран украсен хромиран дифузер.

Се одликува со задни врати кои се отвараат наназад, кои кога ќе се отворат откриваат елегантна кабина со само три седишта во распоред едно напред и две позади. Токму над просторот помеѓу задните седишта се наоѓа најнеобичниот елемент за еден автомобил, а тоа е луксузниот висечки кристален лустер.

Инструмент панелот е украсен со детали од бакар, кристали, LED ленти и површини од полирано дрво, додека пак седиштата и останатите помеки елементи се обложени со двобојни тапацири и дебели волнени теписони.

Покрај сите овие погодности, една важна работа недостасува, a тоа е воланот. Очигледно, L-Concept е поглед кон иднината за целосно автономни луксузни возила.

Техничките детали за Hongqi L-Concept не се познати, но се шпекулира дека негова сериска изведба ќе биде лансирана во 2023.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.