Fiat Panda и 500 се најпродаваните модели од А-сегментот во Европа во 2020 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat Panda и 500 се најпродаваните модели од А-сегментот во Европа во 2020

JATO Dynamics ги објави резултатите од најпродаваните возила од А-сегментот за минатата година, а на првите две позиции се најдоа модели на Fiat.

Продажбата на мали градски возила во текот на 2020 година се намали за масивни 34% на вкупно 779,500 продадени примероци. Оваа класа забележа трет најголем пад позади категориите на моноволуменски возила и спортските автомобили.

Компанијата Fiat доминираше во продажбата на нови возила од А-сегментот со удел од дури 37%. Mоделиte Panda и 500 се најдоа на првите две места со продадени 144,755 и 140,873 примероци редоследно, меѓутоа овие бројки се за околу 20% помали од продадените примероци во 2019 година.

Третото место го зема Toyota Aygo со продадени 83,323 примероци, што е опаѓање за 17% споредено со минатата година, додека на четвртото и петтото место се најдоа моделите Renault Twingo и Volkswagen Up. Првиот од нив е продаден во 15% помалку примероци или вкупно 73,536 автомобили, а вториот забележа намалување на продажбата за 25% со продадени 59,445 примероци.

Во продолжение на сликите можете да ги видите и резултатите на останатите конкуренти во сегментот.

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.