full screen background image
Search

AUTOBEST Европското жири ги изгласа финалистите за титулата Best Buy Car of Europe за 2021

Новите Citroen C4, Dacia Sandero, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Skoda Octavia и Toyota Yaris се финалисти за наградата AUTOBEST 2021.

Овие автомобили ќе се натпреваруваат за наградата „Best Buy Car of Europe in 2021“. Жирито составено од 31 член од 31 европска земја ќе го комплетираат своето гласање во следните неколку недели по завршувањето на традиционалното напоредно тестирање на финалистите закажано во почетокот на Октомври, а победникот ќе биде објавен во средината на Декември.

„Во Европа и ширум светот живееме во исклучителни услови, соочени со една од најголемите кризи во јавното здравство на овој век. Гледаме колку тоа влијаеше на автомобилската индустрија во Европа. Како автомобилски медиуми, исто така сме многу лошо погодени, и гледаме толку многу луѓе кои се соочуваат со екстремни потешкотии. Но, и покрај сето ова, решивме да останеме верни на нашата традиција и да ги објавиме финалистите како што тоа го правевме секоја година во последните 20 години. Рекордниот број од седум е директен резултат на одлични вести кои доаѓаат од индустријата, нови брилијантни модели кои заслужуваат присуство во финалето.“ – изјави Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST.

На 4 и 5 Ноември, европското жири ќе се состане во Теесдорф, Австрија на финалниот тест на патеката во сопственост на австрискиот автомобилски клуб (OEAMTC) која се здоби со меѓународно признание за тестирање на возила, како и образование за возачи во многу области.

Церемонијата на доделувањето на 20-тите награди ќе се одржи следната година на датум и локација што ќе бидат избрани подоцна, во очекување на различните санитарни услови во различни земји на Европа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.