ПРЕМИЕРА: Новиот Honda Jazz доаѓа во Европа исклучиво во хибридни изведби – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Honda Jazz доаѓа во Европа исклучиво во хибридни изведби

Новиот Honda Jazz во Европа ќе се нуди само како хибрид, како дел од e:Technology платформата на јапонскиот бренд

Четвртата генерација на супер-практичниот Honda Jazz за прв пат ќе се нуди во две изведби – првта ќе биде онаа, конвенционалната, додека втората ќе ја носи ознаката Crosstar и всушност ќе биде поробустна, кросовер-изведба на компактниот хечбек. Како дел од e:Technology платформата, односно брендирањето на Honda, новиот Jazz ќе ја воведе и e:HEV значката на нашиот континент.

Од Honda сега за сега не ги објавуваат сите податоци за новиот Jazz, но кажуваат дека новиот хибриден погон нуди „одлична комбинација од моќни перформанси и импресивна економичност.“ Новиот хибриден систем е всушност целосно развиен за Jazz и би требало да понуди комфорно и респонзивно возење.

Но сепак, од Honda кажуваат дека ќе имаат „просторна понуда која во Б-сегментот е без конкурениција“. Редизајнирани се и седиштата за да нудат подобар комфор на подолги дистанци, подобрена е прегледноста, како и практичното „пакување“ на автомобилот, со цел да се добијат супер-практичните Magic Seats на задната клупа.

Од Honda кажуваат дека новиот Jazz ќе ги добие сите системи за активна и пасивна безбедност – и со кои би требало да биде еден од најбезбедните автомобили не само во класата, туку воопшто на пазарот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.