full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од новиот Volkswagen Golf 8

Само неколку часа пред официјалното претставување, протекоа првите фотографии од најновата, осма генерација на Volkswagen Golf.

На фотографиите можеме да препознаеме еволутивен дизајн на надворешноста на новиот Volkswagen Golf, но истовремено и супер хај-тек и супер-модерен ентериер.

Сега за сега немаме никакви официјални податоци околу моторите и погонските единици – но на фотографиите можеме да забележиме Golf GTE, како и модели со ознаките Sport и R-Line. Можеме да видиме и некои детали од кабината – пред возачот се поставени дигитални инструменти, додека слеан со инструментите е и мултимедијалниот уред кој е поставен на централната конзола.

Под мултимедијалниот уред можеме да видиме уште некои контроли, а под нив е и рачката од автоматскиот менувач – која е мала и помалку наликува на онаа кај новиот Porsche 911.

За вечерва е закажана и официјалната премиера, кога ќе ги имаме сите детали – а сега за сега, погледнете ги фотографиите од новиот Volkswagen Golf.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.