full screen background image
Search

ВРЕМЕПЛОВ: Volkswagen прославува 45 Години Golf GTI!

Многумина кажуваат дека токму Volkswagen го направи првиот хот хеч со првиот Golf GTI – и 45 години подоцна, токму Golf GTI сè уште ги поставува правилата во сегментот.

Со лансирањето на GTI од најновата, осма генерација на Golf, Volkswagen слави значителна годишнина – 45 години од лансирањето на првиот Golf GTI – и токму затоа се навраќаа на наследството на првиот хот хеч.

Првиот Golf GTI беше претставен на Саемот на Автомобили во Франкфурт во Септември 1975-тата година, а на пазарот пристигна следната година. Golf GTI беше вистински пионер, нудејќи спортско управување кај компактен автомобил со погон на предните тркала. Можеби нема да ви се верува – но биле планирани само 5.000 примероци, а произведени биле дури 461.690 примероци од првиот Golf GTI.

Веќе на сите ни е позната приказната дека првиот Golf GTI е направен во тајност од страна на неколку инженери во Volkswagen. Иницијалните прототипови користеле бензински мотор со карбуратор, кој испорачувал 100 коњски сили. Серискиот модел имаше 110 коњски сили и максимална брзина од 182 километри на час.

Втората генерација беше лансирана во 1984-тата година и иницијално имаше само 112 коњски сили поради воведувањето на катализатори. Две години подоцна, Volkswagen воведе нов, 16-вентилски мотор кој испорачуваше 129 коњски сили, за конечно да ја претстави и моќната G60 изведба со компресор и вкупно 160 коњски сили.

Во 1991 пристигна третата генерација којоа вовоеде многу новитети. На самиот почеток имаше само 115 коњски сили, но само една година подоцна таа бројка се искачи на 150 коњски сили благодарение на нов мотор. За прв пат предните светла беа едноделни – тренд кој продолжи понатаму со сите последователни генерации на Golf.

Поврзано:   Sara Sigmundsdottir е нова бренд-амбасадорка на R-дивизијата на Volkswagen!

Четвратата генерација на Golf GTI воведе целосн нов дизајн, а бензинските мотори со четири или пет цилиндри испрачуваа до 170 коњски сили. Специјална верзија по повод 25-годишнината на GTI беше претставена во 2001, и оваа верзија располагаше со 180 коњски сили благодарение на сега веќе легендарниот 1.8-литарски турбо-бензинец.

Петтата генерација – лансирана во 2004 – беше вистинскиот камбек на Golf GTI. Нова платформа, нова суспензија, нов дизајн и нов 2-литарски турбо-бензинец кој испорачуваше 200 коњски сили беше рецептот за успех. Петтата генерација на Golf GTI забрзуваше до 100 километри на час за само 7.2 секунди со мануелен менувач, односно 6.9 секунди со DSG автоматскиот менувач. Volkswagen претстави и специјална Edition 30 изведба со 230 коњски сили.

Шесттата генерација која беше претставена во 2009, за прв пат воведе XDS електронски диференцијал. Турбо-бензинецот беше доработен да испрачува 210 коњски сили, а за прв пат GTI беше претставен и во кабриолет изведба. Врв на понудата беше Golf GTI Edition 35 кој испорачуваше 235 коњски сили, катапултираше до 100 километри на час за 6.6 секунди и постигнуваше максимална брзина од скоро 250 километри на час.

Седмата генерација – лансирана во 2013 – од самиот старт беше достапна во две конфигурации – едната со 220, другат асо 230 коњски сили. Новата MQB платформа овозможи GTI да добие многу нови технологии, но и да ја намали тежината за околу 50 килоограми. Седмата генерација на Golf GTI беше одлична основа за неколку специјални серии – Golf GTI Clubsport, Clubsport S (кој имаше 310 коњски сили и забрзуваше „до стотка“ за 5.9 секунди и постави време на Nurburgring од само 7:49.21), како и Golf GTI TCR – кој е директно инспириран од TCR шампионатот.

Поврзано:   ТЕСТ: Volkswagen T-Cross 1.0 TSI 115 Life - Екстра-урбан кросовер!

Volkswagen неодамна ја претстави новата, осма генерација на Golf GTI, која повторно го поставува бенчмаркот по кој ќе се спроедуваат сите други хот хеч автомобили. Да живее Golf GTI!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.