full screen background image
Search

Регулаторна: Мало зголемување на цените на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи максималните цени на горивата да се зголемат за 0.5, 1.0, односно 1.5 денари.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 3.56%.

Соодветно на тоа, цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 0.5 денари за литар и еден литар 95-октански бензин ќе чини 54.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 1.00 денари за литари еден литар „98-ца“ ќе чини 57.00 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.5 денари за литар – и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 47.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.