BMW потврди дека хибридниот супер-спортски i8 заминува „во пензија“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW потврди дека хибридниот супер-спортски i8 заминува „во пензија“

Баварскиот бренд официјално потврди дека ќе го пензионира i8 – со што заминува во историјата како најуспешен електрифициран спортски автомобил.

Моделот i8 дебитираше во 2013-та година, заедно со урбаниот i3. Тие беа првите автомобили од гамата на BMW, кои се продаваа исклучиво во хибридни варијанти и го осветлија патот на електрифицираните варијанти на останатите модели.

Хибридниот спортист започна да сериски да се произведува во Мај 2014 во фабриката во Лајпциг, а последниот примерок ќе ги напушти производствените ленти следниот месец. Според BMW, i8 е најуспешниот електрифициран спортски автомобил, продаден во над 20,000 примероци, од кои секој чини околу 150,000 долари.

Во иднина, Германскиот производител планира до 2023-та година да ја прошири својата гама со 25 електрифицирани автомобили, од кои повеќе од половината ќе бидат погонувани само од електричен мотор, без мотор со внатрешно согорување.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.