Панорама: BMW i8 – Спортската, електрична иднина на BMW! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: BMW i8 – Спортската, електрична иднина на BMW!

BMW го користи i-подбрендот за да ги покаже своите познавања и можности, а за вашите пари ќе ја добиете највисоката можна технологија на баварскиот производител!

Да почнеме од најважното – i8 е придвижуван од хибриден погон, и тоа 1.5-литарски 3-цилиндерски агрегат врз кој нежно дишат два турбополначи и електромотор. Бензинскиот мотор испорачува 228 коњски сили и 320 Nm вртежен момент, а електромоторот испорачува дополнителни 129 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Вкупната, таканаречена системска моќност е 362 коњски сили и импресивни 570 Nm вртежен момент.

Системската моќност на i8 е доволна да го забрза овој технолошки ѕвер на BMW до 100 километри на час за 4.4 секунди и да продолжи да го „бутка“ се до максималните 250 километри на час – а истовремено да понуди просечна потрошувачка на гориво од само 2.5 литри на 100 километри!

bmw-i8-doors

Автомобилот може да работи во три режими – SPORT, COMFROT и ECO PRO. Спортскиот режим го оправдува своето име – избирањето на брзините е мануелно, а бензинскиот и електромоторот работат заедно за да ги понудат најдобрите можни пеформанси, а за батеријата да остане наполнета, рекуперацијата на енергија при кочење е на максималното можно ниво. COMFORT нуди баланс помеѓу спортскиот карактер и ефикасноста, а ECO PRO режимот ги прилагодува сите потрошувачи на електрична енергија да работат на најефикасен можен начин, со најмала потрошувачка на електрична енергија.

bmw-i8-side

Максималниот домет на i8 во Comfrot е нешто над 500 километри (со полна батерија и резервоар), а автономијата може да се зголеми за 20% доколку се користи ECO PRO режимот. Батеријата се полни за околу 3.5 часа, и може да понуди автономија од 35 километри и максимална брзина од 121 километар на час.

Поврзано:  BMW го претстави концептот Skytop

BMW планира да го продава i8 во повеќе од 50 земји, но главните купувачи се очекува да бидат во Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија и Франција. Цената во САД ќе започнува од $135.925, односно околу 103.000 евра. Продажбата ќе започне официјално во втората четвртина на 2014.

bmw-i8-rear

Интересно е што BMW најави дека сака i и M брендовите да ги држи одвоени, и дека инженери од M-дивизијата воопшто не работеле на i8. Ова најверојатно значи дека нема да видиме M-верзија на i8 во иднина, иако тоа би било интересен проект за Баварците.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.