Bosch направи брз тест за Covid-19! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bosch направи брз тест за Covid-19!

Bosch – производителот на разно-разни автомобилски делови – се вклучува во борбата против Covid-19 со нивниот нов, супер-брз тест за вирусот.

Тестот на Bosch е развиен во соработка со Randox Laboratories Ltd и е веќе одобрен од Светската Здравствена Организација. Според официјалните информации кои пристигнаа, прецизноста е над 95% и дијагнозата може да биде поставена за помалку од 2.5 часа.

Потребни биле шест недели да се развие тестот, и тој е веќе достапен за глобална употреба. Дополнително, покрај дијагнозата за Covid-19, тестот на Bosch може истовремено да постави дијагнози за уште девет други респираторни заболувања. Тестот е направен да биде екстремно лесен за правење – и тоа од страна на медицински персонал кој нема потреба да помине низ дополнителни обуки. Примерок (брис) од грлото или носот на пациентот се вметнува во соодветен кертриџ, во кој веќе ги има сите потребни реагенси. Кертриџот се вметнува во Vivalytic уредот на Bosch – кој всушност го извршува тестирањето.

„Специјалната функционалност на Bosch тестот е токму можноста да дијагностицира неколку различни заболувања исторемено – а со тоа да заштеди време, ресурси и дополнителни тестирања. Со брзо добивање на точна дијагноза, може побрзо да се започне со соодветен третман.“ – изјави Marc Meier, претседателот на Bosch Healthcare Solutions GmbH.

Според Bosch, еден уред може да направи до 10 тестирања за само 24 часа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.