Mansory претстави тјунинг пакет за Bentley Continental GT V8 Cabrio – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mansory претстави тјунинг пакет за Bentley Continental GT V8 Cabrio

Германскиот тјунер е амбициозен во модифицирањето и на најлуксузните модели, а еден од нив е и Bentley Continental GT V8 Cabriolet.

Bentley се познати по нивната стилска елегенција, но креацијата на Mansory ја заменува елеганцијата со агресија. Најголема заслуга за ова има новиот бодикит, составен од редизајниран преден браник, уникатни странични прагови, поинаков заден браник и нов заден дифузер.

Многу од новите делови се направени од јаглеродни влакна, вклучувајќи го и поклопецот на моторот, додека останатиот дел од каросеријата на Continental GT е обоен во црна мат боја со зелени линии. Останатите измени на екстериерот се новиот заден спојлер и новите LED дневни светла во најдолниот дел од предниот браник.

Надворешните модификации ги заокружуваат 22-инчните фелни со зелени линии, понудени во два различни дизајни, под кои се наоѓаат зелените клешти на сопирачките.

Во ентериерот доминира зелената кожа, која ги покрива седиштата, панелите на вратите, воланот и поголемиот дел од централната конзола. Зелените елементи продолжуваат и под поклопецот, каде се наоѓа и стабилизатор за подобрување на крутоста на шасијата во истата боја.

Зборувајќи за моторот, Mansory го доработеле 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат. Во стандардно издание, тој произведува 542 кс, но како резултат на новиот издувен систем и рекалибрирање на компјутерската единица тој сега испорачува 640 кс, овозможувајќи му на моделот за забрза од 0-100 км/ч за под четири секунди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.