Peugeot 508 PSE го пишува следното поглавје во спортската понуда на Peugeot! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 508 PSE го пишува следното поглавје во спортската понуда на Peugeot!

Со грст нови фотографии, Peugeot и официјално го претстави 508 PSE – моделот со кој во иднина ќе ги освоујва фановите на спортските автомобили.

Ознаката PSE е всушност кратенка од Peugeot Sport Engineered. Оваа дивизија ќе биде задолжена за спортските верзии на автомобилите на Peugeot во иднина, а своето деби го прави на навистина забележлив начин.

Peugeot 508 PSE комбинира 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 200 коњски сили, со батерија (која има капацитет од 11.8 kWh) и два електромотори. Едниот електромотор испорачува 110 коњски сили, додека вториот испорачува дополнителни 200 коњски сили. Резултат на сето тоа? 508 PSE располага со вкупна, системска моќност од 400 коњски сили и според Peugeot забрзува до 100 километри на час за само 4.3 секунди, постигнува максимални 250 километри на час и може да помине до 50 километри на електрична енергија.

Според WLTP мерењата, хибридниот француски спортист има емисија на CO2 од само 49 грама на изминат километар – бројка која е особено импресивна ако ги имаме перформансите во предвид. Но да бидеме искрени – немаме никаква причина да се сомневаме во талентите на 508 PSE – неодамна имавме можност да се запознаеме со плаг-ин хибридните модели на Peugeot во Шпанија, каде и самите се уверивме во перформансите, високата технологија и економичноста.

Од Peugeot кажуваат дека новиот 508 PSE може да понуди еднакво задоволство – како на тркачката патека, така и на улиците. И кога го гледаме – мораме да се согласиме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.