Нашите пријатели од Буба Клуб Македонија денес го прославија својот деветти роденден!
Секогаш со задоволство присуствуваме на дружењата организирани од Буба Клуб Македонија – дечките континуирано покажуваат голема доза на професионалност, но уште поважно – покажуваат љубов кон своите автомобили. Тие денес заедно со своите пријатели и гости го прославија 9-тиот роденден на клубот.
Нема да должиме многу – само ќе им го честитаме роденденот и ќе им посакаме уште многу прослави и уште многу дружење во иднина. Погледнете како помина прославата!