Ford Transit Smart Energy Electric Concept – Тестирање на иновациите во вистинскиот свет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Transit Smart Energy Electric Concept – Тестирање на иновациите во вистинскиот свет!

На Go Further настанот во Амстердам, Ford ни понуди одличен поглед кон својата иднина – а еден од новитетите таму беше и Transit All-Electric Smart Energy Concept преку кој Ford всушност ги тестира многуте иновации во насока на електрификацијата.

Инженерите на Ford ја избрале токму оваа миниван платформа бидејќи сметаат дека тука загубите во ефикасноста се најголеми, и доколку загубите се намалат во овој сегмент, другите сегменти ќе имаат далеку поголема корист од новите технологии. Од производителот велат дека преку Transit All-Electric Smart Energy Concept ќе се тестираат сите иновации поврзани со комплетна електрификација на автомобилите.

Досегашните откритија велат дека класничните системи за загревање на кабината можат да ја намалат автономијата на електричните возила до 50%. Затоа, во моментов се тестираат технолошки решенија кои ја користат топлината произведена од електричните мотори кои го погонуваат самото возило. Енергетски ефикасни воздушни пумпи го насочуваат топлиот воздух низ кабината, и доколку тоа не е доволно, тука се и соларните панели кои се задолжени за напојување на греачи на седишта.

Дополнително, во овој концепт на Transit се тестира и исплатливоста на вградување топлинска изолација на подот на возилото. Вака опремениот Transit може да извози и до 20% повеќе километри од електричен Transit кој користи класични технологии.

Секако – како што кажува и името, концептот користи соларни панели за делумно да ги наполни батериите. Кабината е супер хај-тек и добива полначи за мобилни уреди на неколку места, а возачот има увид во многуте системи преку огромен дисплеј поставен пред него. Со овој концепт Ford не само што ги тестира овие технологии и нивниот потенцијал за масовна употреба, туку истовремено ја најавува иднината на ваквиот транспорт – и верувајте, изгледа многу добро!

Поврзано:  Ford се согласи дека плановите за целосна електрификација до 2030 се „премногу амбициозни“


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.