Вечерно Кино: Суперавтомобил или супер седан, што е побрзо? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Суперавтомобил или супер седан, што е побрзо?

Дали технолошки напредниот автомобил Honda NSX може да ги совлада тешките моќни седани во драг трка? Ова видео го има одговорот.

Британскиот магазин Top Gear ги одмери силите на двата супер седани BMW M5 Competition и Mercedes-AMG E63 S со хибридниот суперавтомобил Honda NSX во трка на правец од 400 метри. Големите седани располагаат со околу 50 кс повеќе, но се и потешки за околу 300 килограми од малиот егзотичен автомобил, па теоретски израмнети се перформансите.

Што се случува во пракса погледнете во видеото подоле:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.