Скопје вчера им се придружи на многуте светски метрополи каде новиот Range Rover Evoque имаше своја спектакуларна презентација.
Новиот Evoque пристигна и кај нас, и ја доживеа и македонската премиера. Вчеравечер, Ragusa 360 Rooftop ресторанот беше локацијата каде новиот, луксузен британски SUV ја имаше својата ексклузивна промоција. Во друштво на неколку стотици гости, но и претставници од медиумите, новиот Evoque беше покажан на македонската јавност. На присутните гости им се обрати врвниот менаџмент од Automobili Group за да ги претстави деталите за овој урбан SUV, кој со својот стил го обзеде и нашиот град.
Новиот Evoque е навистина целосно нов. Дизајнот влече инспирација од другите модели на брендот, но највеќе влијание препознаваме од големиот хај-тек Velar. Новиот автомобил е долг 4.37 метри и е поставен на новата Premium Transverse Architecture платформа. Она што е интересно е дека новиот дизајн нуди повеќе простор во кабината, па багажникот сега нуди одлични 591 литар волумен.
Секако, ги добива сите нови технологии на JLR, како и најновата генерација на Ingenium турбо-бензинските и турбодизел мотори на британската компанија. Уште на самиот старт се нуди лајт-хибрид, а понатаму ќе биде понуден и плаг-ин хибрид, а не е исклучена ниту целосно-електрична верзија.
Секако, не е заборавено ниту на теренските способности – па Evoque доаѓа со погон на сите тркала, како и Active Driveline од втората генерација. Terrain Response 2 системот (кој доаѓа директно од големиот Range Rover) автоматски ја препознава подлогата и го прилагодува погонот, а Evoque сега може да се движи низ вода која е длабока од 600 милиметри.
Новиот Evoque е веќе изложен во салонот на Automobili Group, каде можете и самите да го погледнете.
Фотографии