Во салонот на Mercedes-Benz пристигнаа новите A-Class Sedan и B-Class! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Mercedes-Benz пристигнаа новите A-Class Sedan и B-Class!

Во салонот на Мак Аутостар во Скопје пристигнаа и се изложени новиот A-Class Sedan, како и најновата генерација на моноволуменецот B-Class.

Со оваа генерација на А-Класата, Mercedes-Benz воведува новитет во форма на A-Class Sedan. Компактниот премиум седан е наменет за оние кои сакаат компактен автомобил, со поголем багажен простор и малку поконвенционална форма – барем во однос на купеовската форма кај CLA. A-Class Sedan нуди багажен простор од 420 литри, а истовремено е меѓу најаеродинамичните автомобили кои во моментов се нудат – коефициентот на отпор на воздухот е само Cd 0.22.

На самиот старт се нуди со два мотори – A 200 бензинец со 163 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, кој се комбинира со 7G DCT менувач со двојна спојка, и  А 180 d турбодизел со 116 коњски сили и 260 Nm вртежен момент, кој го добива истиот автоматски менувач. Според официјалните податоци бензинецот троши 5.4 литри на 100 километри, додека дизелот само 4.3 литри на 100 изминати километри.

Секако, кај A-Class Sedan се добиваат сите нови технологии, како и MBUX интерфејсот на Mercedes-Benz. За оние похрабрите, тука е и AMG изведбата. Цените за A-Class почнуваат од 27.990 евра за A 180 Sedan.

Вториот интересен новитет кој пристигна во Скопје е и новата B-Class. Новиот минивен на Mercedes-Benz нуди одлична практичност и просторна понуда, а може да се нарача со неколку различни мотори. Понудата започнува со 1.5-литарскиот турбодизел кој испорачува 115 коњски сили и 260 Nm, а додаден и 2-литарски турбодизел кој испорачува 150 односно 190 коњски сили. Достапни се и два бензинци со четири цилиндри. Обата имаат зафатнина од 1.33 литри и испорачуваат 136 односно 163 коњски сили. Цените за новата B-Class започнуваат од 29.990 за B180.

Поврзано:  Мак Аутостар ја зголемува понудата со подолгиот Citan Tourer Long


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.