full screen background image
Search

ПАРИЗ 2018: Премиера – Новата B-Class на Mercedes-Benz доаѓа со нов дизајн и брдо технологии

Како што и очекувавме, германскиот бренд во Париз ја претстави новата генерација на несекојдневниот, но интересен миниван – B-Class.

Новата B-Class го користи дизајнерскиот јазик кој Mercedes-Benz го покажа со новата A-Class, и од некои агли, B-Class дури изгледа попривлечно од хечбекот од кој влече инспирација. Сепак, се работи за миниван – дури и од Mercedes-Benz кажуваат дека B-Class е дизајнирана „да се истакнува визуелно во светот на минивановите“ – но нам ни изгледа навистина интересно.

Сликата ја комплетираат LED светлата, големито заден спојлер и тркалата кои можат да бидат и 19-инчни. Според она што го кажуваат од Mercedes-Benz, новата B-Class е најаеродинамична во класата и значително се намалува бучавоста од ветерот. Кабината е практична и комфорна, и скоро идентична со онаа кај A-Class (a со тоа доаѓаат и сите технологии од A-Class, како и MBUX системот), но во B-Class би требало да има забележително повеќе простор – зголемени се и меѓуоскиното растојание и ширината, а со тоа и просторот за лакти, глава и нозе. Во зависност од конфигурацијата ќе имате меѓу 455 и 705 литри багажен простор, односно 1540 литри со преклопени задни седишта.

Сите мотори ги задоволуваат Euro 6d-TEMP стандардите. Понудата започнува со 1.5-литарскиот dCi кој потекнува од Renault и испорачува 115 коњски сили и 260 Nm, а во понудата е додаден и 2-литарски турбодизел кој испорачува 150 односно 190 коњски сили. Достапни се и два бензинци со четири цилиндри. Обата имаат зафатнина од 1.33 литри и испорачуваат 136 односно 163 коњски сили. Во зависност од моторот можете да нарачате мануелен или автоматски менувач со двојна спојка, а понатаму во понудата ќе бидат додадени уште мотори како и опција за 4Matic погон на сите четири тркала.

Поврзано:   Brabus направи вистински хот-хеч од Mercedes-Benz A250


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.