Атрактивниот седан на Peugeot е изгласан за најубав автомобил на 2018, со добиени вкупно 100,000 или над 34% од сите гласови.
Интернационалното гласање се одвиваше преку веб-страната Festival Automobile International, a право на глас имаше секој со пристап до линкот на нивната страна. Од сите понудени новитети, мнозинството од светот го избра токму новиот седан на Peugeot како најпривлечен автомобил за минатата година.
Очигледно посмелиот пристап на Францускиот бренд се исплатеше. Новиот 508 е многу популарен и постојано предизвикува воздишки кај набљудувачите, а оваа награда е уште еден доказ за неговиот успех. Динамичниот дизајн на новиот 508 триумфираше над второпласираниот Mercedes A-Class и третопласираниот Range Rover Evoque.
Ние мислиме дека 508 заслужено ја освои наградата, откако имавме прилика да го возиме во Монако, a и повторно да го видиме во живо откако пристигна во салонот на Еуроимпекс.
Покрај споменатите автомобили, оваа година во целосниот избор беа вклучени и моделите Jeep Wrangler, Fiat 500X, Ds 3 Crossback, Kia Proceed.