full screen background image
Search

Следниот BMW M3 ќе има 500 коњски сили?

Инсајдери кои се директно инволвирани во развојот на следната генерација на дефинитивниот спортски седан сугерираат дека новиот M3 ќе располага со околу 500 коњски сили!

Иако сега за сега ова се само шпекулации, со оглед на насоките во кои се движи автомобилската индустрија и заострената конкуренција меѓу германските производители, сосем е можно следниот M3 да има дури 500 коњски сили. Според извори на BimmerPost, производството на следната генерација на M3 ќе започне во 2020 (што е во согласност што го дознавме од инженерите на BMW кога неодамна ја возевме новата Тројка во Португалија – дека животниот век на тековниот M3 ќе биде 7 години, а тој беше за прв пат претставен во 2013).

Интересно е дека истиот извор сугерира и извесен новитет – Pure модел кој ќе биде „основен“ модел кога станува за моќност, но ќе биде наменет за оние кои сакаат вистинско возачко искуство. Овој модел би имал 444 коњски сили и ќе се нуди само со погон на задните тркала, и можно е токму оваа верзија да добие и мануелен менувач. Според истиот извор, сите варијанти на M3 и M4 ќе имаат диференцијал со ограничено пролизгување, адаптивна суспензија, спортски седишта и уште грст други додатоци кои веќе ги очекуваме.

На самиот врв ќе биде Competition изведбата која ќе  нуди 500 коњски сили. Оваа изведба ќе се нуди со супер-брз автоматски менувач и (за прв пат во M3/M4) погон на сите четири тркала. Тоа најверојатно би била некоја варијанта на истиот погон на сите четири тркала кој се вградува во Серијата 5. Оваа верзија ќе доаѓа со 19 и 20-инчни тркала, карбонски сопирачки, итн.

Поврзано:   BMW 8 Series First Edition - Побрзајте, ќе има само 400 примероци!

Секако, сите овие гласини се непотврдени, но доаѓаат од извор кој досега неретко бил извор на точни информации. Останува да почекаме!

(На фотографијата е прикажана новата Серија 3 во M-Sport изведба и со M Performance додатоци.)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.