full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се зголемуваат за половина денар, еден денар, односно денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – кои сега се зголемуваат за половина денар, еден денар или денар и половина.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.60%.

Преведено во цени? Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.5 денари, и еден литар „98-ца“ ќе се продава за 63.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1 денар, и еден литар „95-ка“ ќе чини 62.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.