Во чест на перформансите и GTi, Peugeot 9X8 има нов дизајн за 2026! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во чест на перформансите и GTi, Peugeot 9X8 има нов дизајн за 2026!

Тимот Peugeot TotalEnergies има нов дизајн за тркачките Peugeot 9X8 автомобили – дизајн направен во соработка со Peugeot Sport и оддава почит на легендарните GTi модели од минатото (и сегашноста) на францускиот бренд!

Peugeot TotalEnergies се подготвува за уште една година од FIA World Endurance Championship – и од годинава има и нов дизајн. Како симбол на новата ера, но и враќањето на GTi во понудата на Peugeot преку новиот Е-208 GTi, новиот дизајн користи радикална, впечатлива нова интерпретација на Hypergraphs кои оддаваат почит на спортскиот јазик на Peugeot Sport, но истовремено го истаклнуваат трикракиот мотив на лавја канџа кој го користи Peugeot.

Истовремено, комбинацијата од бела, црвена и црна боја оддава почит на легендарните Peugeot GTi модели од минатото, но и ја нагласува возбудливата иднина на GTi – која веќе полека но сигурно пристигнува преку првиот нов модел со значката GTi – Peugeot E-208 GTi.

И како што Peugeot се подготвува за „Годината на GTi“, францускиот бренд ја започнува прославата со новиот дизајн на 9X8 тркачките возила кои ќе официјално ќе дебитираат на трката во Катар на 28-ми Март. А покрај новиот дизајн на автомобилот, во Катар ќе дебитира и целосно-новиот имиџ на Peugeot TotalEnergies тимот – новите тркачки одела на возачите, новата облека за тимот и многу, многу повеќе.

Година на GTi? Каде да се пријавиме?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.