full screen background image
Search

Автомобилистичката Федерација на Македонија ги награди најдобрите за 2018!

Вчеравечер АФМ организираше гала настан, на кој свечено ги прогласи најдобрите на Шампионатот на Македонија во Автомобилизам и Картинг за 2018.

Одлично враќање на автомобилизмот во Македонија! Секако, секогаш може и подобро, но минатата година видовме како трките се вратија, и со задоволство ги поздравуваме како АФМ, така и сите кои го поддржуваат ваквиот спорт кај нас.

Секако, свој огромен удел во сето ова имаат и оние кои нè претставуваат на интернационалните настани – Игор Стефановски Иџе и Виктор Давидовски – тие со своите автомобили се натпреваруваат во TCR Europe шампионатот, и се вистинска мотивација и за оние помладите кои сакаат да пробаат нешто различно.

Вчеравечер беа доделени пехарите на најуспешните во сите класи, како и најуспешните клубови. На сите учесници им ја честитаме забавната сезона и им благодариме за адреналинот кој ни го понудија, на сите победници им ги честитаме успесите и на сите клубови им посакуваме уште подобар тимски дух и уште подобар натпревар и оваа година! Со особено задоволство ги поддржуваме најмладите учесници – деца, браво!

Во прилог финалните резултати, како и галерија од вчерашното доделување.

Шампионат на Македонија во Автомобилизам на Ридски Патеки

Класа 1 до 1150 цц група А со анекс за Југо 55

  • Александар Георгиевски  –  АКК Кастум кар
  • Филип Василевски    –   АКК Никола Карев
  • Михајло Лазаревски   –  АКК Кастум кар

Класа 2 до 1400 цц група Н

  • Тоше Темелковски – АКК Никола Карев
  • Марио Велковски – АКК Кастум кар
  • Коста Николовски – АКК Кастум кар

Класа 3 до 1600 цц група Е1

  • Филип Џуклески – АКК Никола Карев
  • Ванчо Мижовски – АКК Перформанс
  • Благоја Димитровски – АКК Автоклиника

Класа 4 до 2000 цц група Е1

  • Југослав Милошевски – АКК Никола Карев
  • Марко Мишевски  – АКК Никола Карев
  • Спирко Петрушевски – АКК Автоклиника

Класа 5 до 2000 цц група Н И СП

  • Даниел Блажевски – АКК Примо АВЈ
  • Давид Малинковски – АКК Кастум кар
  • Деан Георгиевски – АКК Примо АВЈ

Класа 7 над 2000 цц група Е1

  • Александар Христов – АКК Примо АВЈ
  • Екрем Мемиши – АКК Автоклиника
  • Ненислав Петковиќ –АКК Никола Карев

Екипен пласман  – Шампионат на Македонија во автомобилизам на ридски патеки 

  • АКК Никола Карев
  • АКК Кастум кар
  • АКК Примо АВЈ

Шампионат на Македонија во автомобилизам на кружни патеки

Класа 1 до 1150 цц група А со анекс за Југо 55

  • Филип Василевски – АКК Никола Карев
  • Александар Георгиевски – АКК Кастум кар
  • Никола Попевски – АКК Никола Карев

Класа 2 до 1400 цц група Н

  • Мартин Делев – АКК Кастум кар
  • Марио Велковски – АКК Кастум кар
  • Тоше Темелковски – АКК Никола Карев

Класа 3 до 1600 цц група Е1

  • Амет Орхан – АКК Автоклиника
  • Филип Џуклески – АКК Никола Карев
  • Перо Георгиевски – АКК Кастум кар

Класа 4 до 2000 цц група Е1

  • Давид Малинковски  АКК Кастум кар
  • Бојан Петрушевски – АКК Автоклиника
  • Југослав Милошевски – АКК Никола Карев

Класа 7 над 2000 цц група Е1

  • Ненислав Петковиќ – АКК Никола Карев
  • Даниел Младеновски – АКК Никола Карев
  • Миле Тодоров – АКК Никола Карев

Екипен пласман – Шампионат на Македонија во автомобилизам на кружни патеки

  • АКК Никола Карев
  • АКК Кастум Кар
  • АКК Автоклиника

Шампионат на Македонија во Авто Слалом

Класа 1 до 1600 кубни сантиметри – стандардни возила

  • Христаки Давитковски – АКК Примо АВЈ
  • Горан Јовановски – АКК Скопје
  • Маја Милошевска – АКК Никола Карев

Класа 2 над 1600 кубни сантиметри – стандардни возила

  • Кире Ставров – АКК Примо АВЈ
  • Александар Ангеловски – АКК Автоклиника
  • Симон Христов – АКК Примо АВЈ

Класа 3 до 1600 кубни сантиметри –тркачки возила

  • Маја Милошевска – АКК Никола Карев
  • Христаки Давитковски – АКК Примо АВЈ
  • Мојсие Милосавлевски – АКК Скопје

Класа 4 над 1600 кубни сантиметри – тркачки возила

  • Југослав Милошевски – АКК Никола Карев
  • Ненислав Петковиќ – АКК Никола Карев
  • Миле Тодоров – АКК Никола Карев

Екипно Слалом

  • АКК Примо АВЈ
  • АКК Никола Карев
  • АКК Скопје

Отворен шампионат на Македонија во Картинг

Класа 60 Baby

  • Петар Богатиновски – Црвена Звезда
  • Стефан Стефановски – Стефановски
  • Дамјан Давидовски – ПСС

Класа 60 MINI

  •  Васил Апостоловски – Свифт
  • Олег Стефановски – Стефановски
  • Лука Бошковски – Арт Моторспорт

Класа РЕНТАЛ

  • Масимо Тасевски – Кастум кар реисинг тим
  • Мартин Костовски – Кастум кар реисинг тим
  • Даријан Јаневски – Кастум кар реисин тим

Отворен шампионат на Македонија во Картинг – Категорија Клубови

  • Стефановски Рејсинг тим
  • Кастум кар Рејсинг тим
  • Арт Моторспорт Скопје


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.